Иран: Веќе не се трага по преживеани во земјотресот
14.11.2017 13:03
Земјотресот бил почувствуван и во неколку други земји во регионот.

Запрени се спасувачките операции во иранските региони кои беа разурнати од потресот од 7.3 рихтери во кој настрадаа над 450 луѓе. Жртви и повредени има и во Ирак.
Земјотресот бил почувствуван и во неколку други земји во регионот. Иран е една од државите со највисока сеизмичка активност бидејќи 90 % од територијата лежат врз пресек на неколку тектонски плочи.
