Прво сноуборд француско злато
18.02.2014 09:59
Пиер Волтие и го донесе првото најсјајно одличје на својата земја, со фуриозен финиш на сноуборд крос трката во Сочи...

Иако не беше во редот на фаворитите за освојување на медал пред стартот на овие олимписки игри, ниту пак според резултатите во претходните настапи во елиминациите, одличната завршница на големото финале му го донесе на Волтие најдобриот резултат, пред домашниот фаворит Николај Олјунин и пред Алекс Деиболд од САД.
Русинот имаше најдобри резулати од сите финалисти, по одлично извозените елиминациски трки, но потклекна во финишот на главиот настан. Американецот имаше многу среќа во 1/2 финалето, во фото финиш завршница во дуел со сонародникот Тревој Џејкоб, се пласира во битката за медалите и успеа да се искачи на пиедесталот.
Остануваат уште по две сноуборд дисциплини и кај дамите и кај мажите. Во моментов, американската експедиција е на врвот на листата со медали (3, 0, 3), пред француската (1, 0, 1) и чешката и швајцарската на делба на третата позиција (1, 0, 0). Слаломот и велеслаломот во двете конкуренции, се закажани за 19-ти и за 22-ри февруари.
