Сервер: Можно е решение за името и прием во НАТО следната година
Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик- помошникот државен секретар на САД, Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.

Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“, во изјава за МИА оценува дека е можно во 2018-та година да се направи пробив во решавањето на спорот за името и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик- помошникот државен секретар на САД, Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.
Решение, барем, за членство во НАТО е можно во 2018-та година. Иако истата работа можев да ја кажам секоја година од времената спогодба од 1995-та. Условите за тоа во моментов се ветувачки, истакнува Сервер за МИА.
