Зимбабве: Опсада на државната телевизија, претседателот Мугабе во домашен притвор

15.11.2017 10:20

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговото семејство се наоѓаат во домашен притвор...

Војници го зазедоа седиштето на државна телевизија во Зимбабве откако одекнале неколку експлозии во центарот на главниот град Хараре. Се претпоставува дека се спроведува државен удар врз 93-годишниот претседател Роберт Мугабе кој е веќе приведен заедно со сопругата. Уапсен е и министерот за финансии, но војската тврди дека целта на операцијата се криминалците.

„Претседателот и неговото семејство се безбедни, ја гарантираме нивната сигурност. Целиме исклучиво кон криминалците околу него кои создадоа социјална и економска криза. Кога ќе ја завршиме мисијата, очекуваме да се нормализира ситуацијата“, изјави Сибусисо Мојо, генерал мајор.

Засега е непознато кој ја води воената акција.