Евроинтеграциите и приоритетите за влез во НАТО на владина седница

15.11.2017 10:32

На седницата ќе бидат разгледани и повеќе предлог- закони, за ратификација на договорот со БиХ, како и анексот на договорот со компанијата Џонсон Контролс за инвестицијата во зоната во Штип.

Состојбата и напредокот во процесот на европската интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите на ЕУ и статусот на реализација на приоритетите за влез во НАТО се едни од точките што ќе бидат разгледани на седницата на Владата закажана за денеска попладне.

На седницата ќе бидат разгледани и повеќе предлог- закони, за ратификација на договорот со БиХ, како и анексот на договорот со компанијата Џонсон Контролс за инвестицијата во зоната во Штип.

Владата ќе ги разгледа и предложените промени во спогодбата со Европската комисија, во однос на финансирањето на програмата за регионален развој, се вели во соопштението на владината прес-служба.