Од денеска задолжително поседување зимска опрема во возилата
15.11.2017 10:36
Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема, возачите се изложуваат себе си и другите учесници во сообраќајот на опасност...

Од денеска стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема, возачите се изложуваат себе си и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, се соочуваат со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови.
Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15-ти март наредната година.
