Скопје

Почна пријавувањето за субвенции за купување печки на пелети

15.11.2017 11:18

Градот Скопје на жителите коишто ќе купат печки на пелети заклучно со 22-ри ноември годинава, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година.

Градот Скопје на жителите коишто ќе купат печки на пелети заклучно со 22-ри ноември годинава, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.

Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје, во архивата на Градот, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Со ова градот ги стимулира скопјани за користење извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени.