Поплави во јужниот дел на Грција

15.11.2017 11:33

Според последните информации на грчките медиуми, во поплавите загинаа две лица.

Поројните дождови предизвикаа поплави во јужниот дел на Грција. Според последните информации на грчките медиуми, во поплавите загинаа две лица. Противпожарната служба добила повеќе од 160 повици за помош откако биле поплавени повеќе домови и автомобили во градот Мегара.

Поради лошото време, бегалците кои две недели штрајкуваа со глад го прекинаа протестот за да ги заштитат своите деца. Најавија дека ќе продолжат со својата борба и побараа да се забрза процесот за нивно испраќање во Германија, како дел од шемата на ЕУ за релокација на бегалци.