Грчки медиуми: Нимиц ќе даде конкретен предлог за името
Атина очекува по победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата влада, од Македонија да продолжи со активностите на „добра волја“ со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот, како што се промената на името на аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците поставени во времето на експремиерот Груевски...

Посредникот на Обединетите Нации во спорот за името Метју Нимиц на средбата со претставниците на Грција, Адамантиос Василакис и на Македонија, Васко Наумовски закажана на 20-ти и 21-ви ноември во Њујорк ќе излезе со конкретен предлог за решавање на спорот, јавуваат грчките медиуми, пренесува МИА.
Атина очекува по победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата влада, од Македонија да продолжи со активностите на „добра волја“ со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот, како што се промената на името на аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците поставени во времето на експремиерот Груевски, објавуваат Атинското радио и уште два медиума.
Грчките медиуми пренесуваат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев, вчера во обраќање на дебата во Џон Хопкинс институтот во Вашингтон побарал од САД поддршка за решавањето на спорот за името.
