Се одложи судењето за случајот „Триста“
Обвинетиот Ѓоко Поповски до судот достави преку своите бранители медицинска документација дека е спречен да присуствува на главната расправа поради проблеми со одот и препорака од лекар да мирува.

Се одложи стартот на судењето за случајот „Триста“. Обвинетиот Ѓоко Поповски до судот достави преку своите бранители медицинска документација дека е спречен да присуствува на главната расправа поради проблеми со одот и препорака од лекар да мирува.
Обвинителката Фатиме Фетаи пак побара да се направи вештачење за да се утврди дали обвинетит, за кој рече дека ќе го гони до смрт, можел да присуствува на судењето.
На поранешниот помошник министер во МВР му се суди дека направил злоупотреби со тендерот за набавката на 300 возила за потребите на МВР и со тоа го оштетил државниот буџет за околу 450 илјади евра.
Судењето е одложено за 21-ви ноември.
