Протерани тројца американски дипломати од Венецуела
18.02.2014 10:35
Официјален Вашингтон ги демантираше обвинувањата...

Тројца американски дипломати во рок од 48 часа мора да ја напуштат Венецуела. Одлуката на претседателот Николас Мадуро да ги протера, следи по подршката која му ја дадоа САД на опозицискиот лидер Леополд Лопез.
Официјален Вашингтон ги демантираше обвинувањата. Демонстрациите во Венецуела стануваат се помасовни, и демонстрантите велат дека нема да отстапат се додека не го турнат Мадуро од власт.
