ДИК ги прогласи за завршени локалните избори

15.11.2017 13:33

Заклучокот за завршувањето на изборите ДИК го донела на вчерашната седница, откако преходно беа објавени конечните резултати од прегласувањето за избор на градоначалник на општина Чаир на едно избирачко место.

Државната изборна комисија ги прогласи за завршени локалните избори. Заклучокот за завршувањето на изборите ДИК го донела на вчерашната седница, откако преходно беа објавени конечните резултати од прегласувањето за избор на градоначалник на општина Чаир на едно избирачко место.

Првиот круг од Локалните избори се одржа на 15-ти октомври, а вториот на 29-ти октомври. Минатата недела се одржа прегласување на едно избирачко место во општина Чаир откако Управниот суд усвои една жалба на Движењето БЕСА.

Според резултатите по двата круга од локалните избори, СДСМ освои градоначалнички места во Скопје и 56 општини, ДУИ во 10, ВМРО-ДПМНЕ во пет, Алијансата за Албанците во три, Беса, ДПА и ДПТ во по една, а кандидати предложени од група избирачи во три општини.