Усвоен заклучокот на Предлог- законот за употреба на јазиците
ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласаат за Законот поради дискриминаторскиот однос на документот кон другите етнички заедници во земјава.

Усвоен заклучокот на Предлог- законот за употреба на јазиците во македонскиот Законодавен дом. Предлогот беше усвоен со 66 гласови „за“ и 41 „против“.
ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласаат за Законот поради дискриминаторскиот однос на документот кон другите етнички заедници во земјава.
Ние нема да гласаме за потребата од донесување на овој закон. Ќе ги разгледаме сите демократски постапки во следнта фаза да се отстранат слабостите во овој закон, изјави координаторот Илија Димовски.
Амандманите за Предлог-законот ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи законот е со европско знаменце. Потоа, законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.
