Метео: Утре дождливо време, температура до 13 степени
15.11.2017 15:05
Од утре до сабота се очекува да наврне над 40 литри на метар квадратен дожд.

Во текот на утрешниот ден во Македонија ќе продолжи да преовладува облачно време проследено со врнежи од дожд на повеќе места обилни особено во северозападните, централните и југоисточните делови.
Максималната температура ќе достигне до 13 степени. Од утре до сабота се очекува да наврне над 40 литри на метар квадратен дожд.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
