ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги потценува докторите

15.11.2017 15:18

Со предлог буџетот е предвидено зголемување на патните трошоци и трошоците за репрезентација на функционерите од владата за над 20 насто, додека за докторите специјалисти е предвидено покачување на платите од само 5 проценти...

Со последниот предлог- буџет за 2018-та година, СДС го погазува достоинството и ги потценува докторите и здравствените работници.

Со него е предвидено зголемување на патните трошоци и трошоците за репрезентација на функционерите од владата за над 20 насто, додека за докторите специјалисти е предвидено покачување на платите од само 5 проценти или точно 1.500 денари и тоа од септември 2018-та година, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа динамика ветувањето за 100.000 денари плата на докторите специјалисти, кои ги има се помалку во земјава, ќе се оствари за 12 до 15 години. А, каде се останатите здравствени работници?“- изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Оваа партија ги повикува сите лекарски асоцијации, синдикати и комората да го кренат својот глас против ваквиот третман.