Заев: Владата е определена да го негува и унапредува македонскиот јазик
Владата е определена да го негува и унапредува македонскиот јазик – тврди премиерот Заев. На меѓународна научна конференција во Скопје, претстави дел од мерките во програмата. Директорката на институтот „Крсте Мисирков“ побара нови вработувања и повеќе пари за финансирање на проектите...

Македонистите предложија, а Владата прифати пакет стратегии за унапредување на јазикот. Ќе се основаат фондови за изработка на научни дела посветени на јазикот, ќе се стипендираат студиите по македонски, а пари ќе се издвојат и за негова афирмација на странските универзитети. За ова информираше премиерот Зоран Заев кој најави дека ќе се основа и Центар за обука на лекторите, а изданијата на Правописот и на Толковниот речник ќе бидат бесплатни.
Поддршка ќе има и за собирачката дејност. Во ера кога е се поприсутна дигиталната, на сметка на вербалната комуникација, негувањето на јазикот е неопходно, изјави министерката Дескоска.
На албанската и на другите етнички заедници ќе им се даде поддршка за изучување на македонскиот јазик преку формирање на повеќејазични педагошки и културни друштва.
На втората меѓунаордна научка конференција што ја ја организираше Институтот, учествуваа претставници од седум земји.
Анита Димитријевска
