Македонското општество е слепо и глуво за лицата со попреченост
Слепо и глуво е македонското општество за луѓето со попреченост. Затајува социјалната страна која треба да им го олесни секојдневието. Сакаат да бидат слушнати. На конференција порачаа дека нивната борба продолжува сѐ додека не се прифатат како реалност...

„Не затворајте се дома, дозволете им на луѓето да ви пријдат, никој нема да знае дека ви треба помош“- порача Беира Салифовска, лице со оштетен вид, која работи како физиотерапевт во Заводот за медицинска рехабилитација во скопје. Според неа, се потребни многу промени во градот и во општеството за да можат лицата со попреченост да функционираат како сите други.
Секој со своја приказана. Раскажаа за нивната борба за вклучување во општеството, за пречките со кои се соочиле на тој пат. Лицата со попреченост кога бараат почитување на правата не бараат привилегии, туку права за еднаквост, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Општетството ќе треба сите овие луѓе да ги поддржи или да ги земе предвид, рече Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија. Кажа дека и како татко на девојка со Даунов синдром, многу му е блиска темата за инклузија на лицата со попреченост.
Поголеми додатоци, но и за поголеми можности да се вклучат во пазарот на труд и општеството за да почувствува лицето дека самото заработува и да има повеќе самодоверба.
Се одржа и Марш за толеранција, годинава посветен на интегрирање на лицата со попреченост.
Ана Јосифоска- Тодоровска
