Врховен суд
Стечајната постапка за „Фени“ останува кај Основниот суд- Велес
16.11.2017 13:53
Ваквата одлука ја донесе Врховниот суд на Република Македонија откако го одби како неоснован предлогот на „Фени индустри“...

Основниот суд Велес останува надлежен за водење на стечајната постапка на „Фени индустри“ АД Кавадарци.
Ваква одлука донесе Врховниот суд на Република Македонија откако го одби како неоснован предлогот на „Фени индустри“ за определување друг месно надлежен суд за водење стечајна постапка.
