Преку дебата до најсоодветно решение за заштита на системот за следење на комуникациите
Преку отворена дебата до најсоодветното решение и ефикасна реформа што ќе создаде заштита на системот на следење на комуникациите и на човековите слободи и права. По иницијатива на министерот за внатрешни Спасовски, во Собранието координација со спикерот Џафери, со шефовите на пратеничките групи во парламентот, и членовите на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за разузнавање и УБК. Разговарано за итните реформски приоритети и исполнување на препораките на Прибе. Една од нив е опремата за следење на комуникациите да биде надвор од МВР.

До Нова Година треба да биде готова работната верзија за пакетот решенија за следењето на комуникациите - измена на постојните закони и обезбедување услови за формирање посебна Агенција, надвор од МВР, во која ќе бидат сместени уредите за прислушување. За ова информираше министерот Спасовски по средбата на интер-ресорската група која ќе работи на имплементација на препораките на Прибе за реформите во УБК.
Реформите ќе се реализираат во консулатација со невладиниот сектор, медиумите и експертите, рече министерот. Ги повика членовите на комисиите коишто вршат надзор врз работата на следењето на комуникациите да проверат и да потврдат дека во УБК нема незаконско прислушување.
Паралелно со оваа, најавена е и реформа во јавната безбедност. МВР подготвува акциски план за имплементација на Стратегијата за развој на полицијата, поддржана од ЕУ. Со измените на Законот за полиција коишто ќе ги предложи Владата, ќе се забрани користењето на електрични палки и на гумени куршуми.
Анита Димитријевска
