УПОЗ: Поголеми плати и К-15 за јавната администрација
Синдикатот на УПОЗ преку поддршка од пратенички групи ќе бара зголемување на платите во администрацијата. Ја одобруваат одлуката за покачување на примањата во одбраната, јавното здравство и образованието, но реагираат на, како што велат, парцијалното решение...

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани сметаат дека зголемувањето на платите во одбраната, здравството и образованието е парцијално решение. Преку пратеничките групи во Собранието ќе бараат амандмански измени на Предлог- буџетот за 2018-та.
Од УПОЗ велат дека проблемот со платите може да се реши единствено со потпишување колективен договор. Синдикалците бараат и исплата на К-15 во јавниот сектор.
Од УПОЗ потсетуваат дека последното зголемување на платите во јавната администрација било во 2014-та година и тоа за 5 проценти, покачување кое не го добиле сите институции подеднакво.
Дијана Ценевска
