Армиските „Волци“ подготвени во секакви услови да одговорат на предизвикот
Армиските „Волци“- елитна единица на македонската армија. Подготвени во секакви услови да одговорат на предизвикот. Пред министерката за одбрана Шекеринска демонстрација на нивната обученост. За идната година во буџетот за одбраната повеќе пари за плати на војниците...

Обученост, професионалност и тимско дејствување, армиските „Волци“ ја покажаа подготвеноста во секакви услови да одговорат на предизвикот. Пред ресорната министерка оваа елитна единица демонстрираше „неутрализација на терористичка група“.
Шеќеринска најави повисоки плати и подобри услови за припадниците на Армијата. Од буџетската каса за 2018-та година, Владата ќе одвои триста милиони денари за покачување на платите на војската. Со овој чекор покажуваме дека Македонија е сериозна во поддршката на сопствената Армија, но и во нејзината клучна амбиција- членството во НАТО алијансата, рече Шеќеринска. Ќе има и други реформи.
Министерката на средбата била брифирана за потребите на армиската елитна единица „Волци“, а се разговарало и за професионалните и објективни стандарди на АРМ.
Следната година ќе има конкурс за прием на нови професионални војници. Рече дека шанса за вработување во елитните единици на АРМ ќе има секој поединец кој ќе ги исполни сите ригорозни, но, според неа, достижни услови.
Наташа Гркова- Петрушевска
