Нимиц закажа средба во Брисел на 11-ти и 12-ти декември

17.11.2017 09:02

Средбата е дел од напорите на ОН зда им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името, се наведува во соопштението од канцеларијата на Нимиц.

Посредникот на Обединетите нации во разговорите за прашањето околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц закажа средба со претставниците на двете земји во Брисел на 11-ти и 12-ти декември.

Средбата е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името- се наведува во соопштението од канцеларијата на Нимиц.

Првично разговорите беа планирани за наредната недела, но беа одложени и презакажани за декември.

Новата рунда разговори доаѓа во период на подобрена политичка клима меѓу Македонија и Грција, како и оптимистички очекувања од Скопје, Атина и Вашингтон за ставање крај на долгогодишниот спор.