Ќе врне и денеска

Најмногу дожд во Гевгелија

17.11.2017 09:31

Во изминатово деноноќие, најмногу дожд- 38 литри на квадратен метар, наврнал во Гевгелија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Крушево биле измерени 33 литри, Демир Капија 25, додека 24 литри биле регистрирани во Пожаране и во Битола.

Под влијание на циклонска активност, и денеска во земјава ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поизобилни, особено во јужните и во западните делови од земјава.

Во изминатово деноноќие, најмногу дожд- 38 литри на квадратен метар, наврнал во Гевгелија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Крушево биле измерени 33 литри, Демир Капија 25, додека 24 литри биле регистрирани во Пожаране и во Битола.

Најмалку врнежи- 11 литри на квадратен метар, биле измерени во Штип, Тетово и во Струмица.