Генералниот секретар на ОБСЕ на средби со Димитров, Џафери и партиите
Гремингер ќе има средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со претставници на парламентарните партии.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер денеска ја продолжува посетата на Македонија. Гремингер ќе има средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со претставници на парламентарните партии.
Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата, Димитров и генералниот секретар на ОБСЕ ќе разменат мислења за новата општествена клима во Македонија, а ќе дискутираат и за соработката на Владата со ОБСЕ и поддршката што ја дава ОБСЕ во процесот на европската и евроатлантската интеграција на нашата држава.
Генералниот секретар на ОБСЕ ќе има средби и со претседателот на Собранието, Џафери, како и со координаторите на пратеничките групи од СДСМ, Томислав Тунтев, на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на БЕСА, Африм Гаши и со претставникот од ДУИ, пратеникот Реџаиљ Исмаили.
