Олимпијада

Нов блесок на Мазе

18.02.2014 12:27

Блеска вториот златен медал на градите на најдобрата словенечка алпинка...

Ѕвездените мигови на Тина Мазе во Сочи продолжуваат. Блеска вториот златен медал на градите на најдобрата словенечка алпинка. Триумфално го заврши денешниот велеслалом со вториот златен медал  издигнувајќи се како прва личност на Роза Хута патеката за алпско скијање.

Стартуваше со број 1, беше најбрза по првото возење, не ја пропушти шансата да зачекори во галеријата на славните олимпијки.Злато во спуст, злато во велеслалом Тина Мазе ја испишува највпечатливата сага во пребогатата своја. Снег, дожд, магла, патека која налага врвна скијачка моќ, беа условите во кои се одржа четвртата дисциплина од женското алпско скијање.

Австријката Ана Фенингер,  четврта  по првата трка, на златото во супервелеслалом го надодаде  сребрениот медал со заостанување од само 7 стотинки.Германката Викторија Ребензбург не ја одбрани олимписката титула од Ванкувер во оваа дисциплина, но со бронзениот медал потврди дека е личност за големи натпреварувања.

Меѓу 90-те скијачки на стартната листа беше и светски славната виолинистка Ванеса Меј Ванакорн, која бранејќи ги боите на Тајланд ја заврши трката и го освои 67-то место.

Велеслалом (Ж): резултати

1.Тина Мазе (Сло) 2:36.78 мин.

2.Ана Фенингер (А) +0.07 сек.

3.Викторија Ребензбург(Гер) +0.27 сек.

4.Надја Фанкини(И) +0.38 сек.

5.Микаела Шифрин(САД) +0.50 сек.

6.Марија Питиле-Холмнер(Ш) +0.95 сек.