УХМР: Од недела заладување со снег на планините и повисоките места

17.11.2017 12:05

УХРМ денеска соопшти дека под влијание на постудена и релативно влажна воздушна маса од недела ќе преовладува облачно време, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд во западните и северните делови кои на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од недела се очекува заладување со дожд на пониските места и снег на планините и на повисоките места над 800 метри.

УХРМ денеска соопшти дека под влијание на постудена и релативно влажна воздушна маса од недела ќе преовладува облачно време, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд во западните и северните делови кои на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен северен ветер. 

Врнежите ќе продолжат и во понеделник претпладне кога ветерот ќе се засилува и ќе предизвика позначителен пад на температурата, која во понеделник ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.