Заев- Јаневски: Да ги искористиме потенцијалите за соработка меѓу локалната и централната власт
Струмица. Градоначалникот Коста Јаневски го запозна со практицирањето на локалната власт во првиот месец по локалните избори, како и за функционирањето на општината, општинската администрација, претпријатијата и другите институции што се во надлежност на локалната самоуправа...

Премиерот Заев во посета на општина Струмица. Градоначалникот Коста Јаневски го запозна со практицирањето на локалната власт во првиот месец по локалните избори, како и за функционирањето на општината, општинската администрација, претпријатијата и другите институции што се во надлежност на локалната самоуправа, соопшти владината прес- служба.
Јаневски потенцирашедекаработата на општината во сервисирањето на услугите за граѓаните на Струмица, е поставена на солидни темели и овозможува прогресивен развој во повеќе области од интерес на жителите на општината.
Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски изразија задоволство од досегашната соработка меѓу централната и локалната власт и се согласија дека постојат потенцијали за нејзино интензивирање, за обезбедување дополнителни проекти за квалитетен живот за сите граѓани на Струмица.
