Грчки медиуми: Бутарис повторно ја нарече „Македонија“ соседната земја

17.11.2017 12:51

Зборувајќи на англиски пред новинарите, Бутарис по средбата со премиерот Зоран Заев, предложи следната средба на премиерите на Грција и на „Македонија“ да се одржи во Солун, посочуваат грчките медиуми.

„Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис за време на посетата на Скопје повторно го употреби името „Македонија“, означувајќи ја соседната земја“- коментираат денеска грчките медиуми.

Зборувајќи на англиски пред новинарите, Бутарис по средбата со премиерот Зоран Заев, предложи следната средба на премиерите на Грција и на „Македонија“ да се одржи во Солун, посочуваат грчките медиуми.

Бутарис вчера престојуваше во македонската метропола, во рамки на обидите за имплементирање мерки на доверба меѓу двете земји и при тоа оствари средби со премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Проблемите полесно се решаваат ако се тргне од дното нагоре- рече градоначалникот на Солун, Бутарис вчера на средба со премиерот Заев.