Спасовски: Поднесена кривична пријава за убиецот на Јанушев
МВР има индиции каде се крие сторителот и е насочено кон негово откривање- рече Спасовски.

Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев- соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Скопје. МВР има индиции каде се крие сторителот и е насочено кон негово откривање- рече Спасовски.
Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, рече Спасовски.
Додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.
Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 3-ти ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.
