Заемно признавање на професионалните квалификации

17.11.2017 13:24

Делегацијата на ЕУ во Скопје и Министерството за образование и наука денеска органиизраа завршен настан за проектот финансиран од ЕУ „Имплементација на законодавството за заемно признавање на професионалните квалификации“...

Воспоставување систем на заемно признавање на професионалните квалификации за вршење на регулираните професии е од особено значење бидејќи овозможува вработување во рамки на ЕУ согласно со стекнатите квалификации, вршење стопанска дејност, односно давање комерцијални услуги, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска на завршната конференција во рамки на проектот на Европската унија за имплементација на законодавството за заемно признавање на професионалните квалификации.

Покрај подготвените документи во согласност со директивите на ЕУ, во рамки на проектот е ажурирана листата на регулирани професии кои од над сто сега се во намален број и постојано ќе се ажурираат и се дадени предлози за поврзување на националните наставни програми со потребните обуки за регулираните професии. Развиено е и софтверско решение и база на податоци за заемно признавање на професионалните квалификации.

Претставникот на ЕУ Вирве Вампари рече за да се постигнат заложбите за хармонизирање со европското законодавство потребна е посветеност на сите релевантни институции.