Историска победа на Словенија за четвртфинале
Словенија пред Олимписките игри во Сочи беше најголем аусајдер, но иако е единствениот дебитант, одигра тактички зрело...

Во првиот „плеј оф“ натпревар на машкиот олимписки хокеарски турнир, репрезентацијата на Словенија ја совлада Австрија со 4:0, и се пласира во четвртфиналето. Словенија пред Олимписките игри во Сочи беше најголем аусајдер, но иако е единствениот дебитант, одигра тактички зрело, и во првиот период обезбеди предност преку Копитар и Урбаш, која Ковачевиќ ја зголеми на 3:0 во вториот.
Голманот Криштан имаше брилијантен настап со 30 одбрани, неколку од нив и против најдобриот стрелец на игрите Грабнер, по што Муршак на 3 минути до крајот ги постави конечните 4:0, кога Австријците играа без својот голман Ланге. Утре во четвртфиналето Словенија ќе игра со Шведска, единствената која ги доби сите 3 натпревари во групната фаза.
