Заев во посета на БиХ
Како што соопшти владината прес- служба, серијата состаноци на македонската владина делегација предводена од премиерот Заев ќе започне со работна средба со делегацијата на Советот на министри на БиХ.

Премиерот Зоран Заев, денеска попладне ја започнува работната посета на Босна и Херцеговина. Како што соопшти владината прес- служба, серијата состаноци на македонската владина делегација предводена од премиерот Заев ќе започне со работна средба со делегацијата на Советот на министри на БиХ. По средбата, ќе следи заедничка изјава на премиерот Заев и на претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
Во вториот дел од денешната агенда, предвидено е учество на премиерот Заев на пленумската сесија „Кон обновата на левицата во Југоисточна Европа“, во склоп на конференцијата „Состојбата во регионот – Проценка од социјалдемократската перспектива“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.
