Потребна е поефикасна наплата на даноците
Потребна е поефикасна наплата на даноците, со акцент на прибирањето на данокот на додадена вредност. Во споредба со другите земји, Македонија во последните години има послаба наплата- оценува министерот за финансии по забелешките на Светска банка дека треба да се зголемат даночните приходи во буџетската каса. Тевдовски најави и посериозен пристап на инспекциските конторли...

Посериозен пристап на инспекциските контроли, целосно воведување пополнета даночна пријава од УЈП до јануари 2019 година и подобар информатички систем за поефикасна наплата на даноците - најави министерот за финансии Тевдовски. Вели, граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците. Без тоа не можеме да ги развиваме столбовите на општеството, образованието и на здравството.
Реакцијата на првиот финансиер доаѓа откако Светска банка и препорача на земјава фискална консолидација, зголемување на приходите и ефикасно трошење на парите.
Една од клучните пораки на Светска банка е да се зголеми капацитетот на Фондот за пензиско осигурување, бидејќи се зголемуваат трансферите од Централниот буџет. Тевдовски вели – гарантираме навремена исплата.
Во меѓувреме, Македонија работи на хармонизирање на осигурителниот сектор согласно со европските стандарди и критериуми.
Проектот за синхронизирање на осигурителниот сектор спроведе со пари од Европската унија.
Наташа Јанчиќ
