МВР

Кривична пријава за убиецот на Јанушев

17.11.2017 14:54

Идентификуван е убиецот на Мартин Јанушев- соопшти Министерството за внатрешни работи. Поднесена му е кривична пријава и се трага по него. Ќе се распише потерница. Министерот Спасовски тврди дека имаат индиции каде се наоѓа сторителот...

Полицијата го идентификувала убиецот на поранешниот фудбалер Мартин Јанушев. Поднесена е кривична пријава против него. Министерот за внатртешни работи Оливер Спасовки рече дека имале цврсти докази кои укажувале дека тој е сторителот. Имале индиции каде се наоѓа и работеле на негово обезбедување.

Според извори од истрагата, станува збор за осуденик кој издржувал шестгодишна казна затвор за трговија со дрога. Во времето кога се случило убиството тој користел слободен викенд надвор од затворот.

Јанушев беше убиен на 3-ти ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.

 

Наташа Гркова- Петрушевска