Собранието не ги изгласа новите заменици на Генералниот секретар

17.11.2017 15:00

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека коалицијата на власт предлага вкупно 5-мина заменици на Генералниот секретар, но и исто толку потпретседатели за да ги задоволат меѓупартиските интереси...

Собранието не ги изгласа новите тројца заменици на Генералниот секретар на Парламентот поради немање 61 пратеник во пленарната сала.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека коалицијата на власт предлага вкупно 5-мина заменици на Генералниот секретар, но и исто толку потпретседатели за да ги задоволат меѓупартиските интереси и мир во, како што рекоа, кревката коалиција.

Од СДСМ одговорија дека опозицијата е лицемерна, бидејќи имаат 10 пратенички групи, а и тоа чинело пари, бидејќи дискусиите се одолговлекувале.