Центар за граѓански мониторинг: Македонија исклучително партизирана држава
Слободанка Јовановска од Центарот, презентирајќи ги резултатите од шестмесечното истражување посочи дека на трите клучни партии во земјата отпаѓаат 15,1 отсто од електоратот, што како што посочи е феномен во Европа. Таа посочи дека најголемите европски партии немаат членство поголемо од два отсто од популацијата.

Една од најцрните точки на македонските избори е начинот на финансирање на политичките партии- покажува изработената студија чија цел е да се покажат искуствата на земјите од регионот со изборните нерегуларности. Од Центарот за граѓански мониторинг велат дека резултатите покажуваат дека Македонија е исклучително партизирана држава.
Слободанка Јовановска од Центарот, презентирајќи ги резултатите од шестмесечното истражување посочи дека на трите клучни партии во земјата отпаѓаат 15,1 отсто од електоратот, што како што посочи е феномен во Европа. Таа посочи дека најголемите европски партии немаат членство поголемо од два отсто од популацијата.
Во фокусот на истражувањето е и финансирањето на политичките партии, висината на донациите, санкциите, контролата на собирањето на парите. Центарот за граѓански мониторинг дава и некои препораки за тоа како да се подобри финансирањето на политичките партии, посочувајќи искуства од земји, кои се добар пример.
Во Словачка секој што ќе даде донација мора да потпише договор, сите донации во земјата одат преку банкарски сметки, повеќето партии во Европа имаат свои ревизори, а исто така и процедурите за контрола на извештаите предвидуваат во повеќе земји ревизија пред да се предадат извештаите.
