ИТАЛИЈА
Почина мафијашкиот бос Рина
17.11.2017 16:10
По негова наредба беа убиени легендарните италијански антимафијашки судии Џовани Фалконе и Паоло Борселино.

На 87-годишна возраст, почина озлогласениот шеф на италијанската мафија Салваторе Тото Рина. Еден од најмоќните шефови на сицилијанската мафија беше осуден на 26 доживотни казни затвор за десетици убиства извршени во периодот од 1969 до 1992 година.
По негова наредба беа убиени легендарните италијански антимафијашки судии Џовани Фалконе и Паоло Борселино.
Во затвор е од 1993 година.
