Сочи 2014

Фото финишот за Свендсен

18.02.2014 13:15

15 пеколни километри, екстремно тешки услови на патеката, 4 комплексни застанувања на стрелиштата, а се се сведе на 10-тина сантиметри, доволни за норвежанецот Емил Хегле Свендсен конечно да биде на пиедесталот во Сочи и тоа на највисокото место. 15 километри масовен старт, трка што ќе се прераскажува. Маглата, снегот ја одложуваа безмалку 3 дена, но вредеше да се чека.

15 пеколни километри, екстремно тешки услови на патеката, 4 комплексни застанувања на стрелиштата, а се се сведе на 10-тина сантиметри, доволни за норвежанецот Емил Хегле Свендсен конечно да биде на пиедесталот во Сочи и тоа на највисокото место. 15 километри масовен старт, трка што ќе се прераскажува. Маглата, снегот ја одложуваа безмалку 3 дена, но вредеше да се чека. Се менуваа водечките од километар во километар, стрелиштата ја донесоа посакуваната драма, ќе беше уште поголема единствениот Бјорндален да не промашеше 4 на последното стрелиште, а по него Свендсен, Фуркад и Моравец  влегоа со подеднакви шанси во последните 3 километри.

Беше јасно дека чехот неможе да се носи со водечката двојка од светскиот куп,повлече Свендсен, се чини ќе беше неправедно ако успееше итроштината на Фуркад на целта. Одлична трка како најава за штафетните натпревари што почнуваат утре.

Прв медал и тоа златен за Свендсен, по двете злата Мартин Фуркад стигна до сребро, а втор медал, денеска бронзен за Ондреј Моравец по среброто на 12,5 километри.