Француски полицаец уби три лица, па се самоуби

20.11.2017 11:30

Полицаецот Арно Мартен прво ја ранил својата девојка, пукајќи и во главата, а потоа убил еден човек кој се обидел да и помогне и еден случаен минувач.

Синоќа француски полицаец убил три лица и потоа се самоубил по расправија со неговата девојка. Инцидентот се случил во северното париско предградие Сарсел.

Полицаецот Арно Мартен прво ја ранил својата девојка, пукајќи и во главата, а потоа убил еден човек кој се обидел да и помогне и еден случаен минувач.

Колегите на Мартен изјавиле дека се работело за добар полицаец кој не правел проблеми на работа. И покрај инцидентот, францускиот министер за внатрешни работи изјави дека полицајците ќе можат да го носат своето службено оружје и кога не се на должност.