СИ-ЕН-ЕН: Мугабе се согласил на оставка

20.11.2017 12:16

Неименувано официјално лице од Зимбабве кое е директно запознаено со преговорите изјавило дека генералите кои преговараат со Мугабе се согласиле на многу од неговите барања, вклучително и доделување имунитет нему и на неговата сопруга Грејс, како и право да бараат приватен имот.

Американската телевизија СИ-ЕН-ЕН јави дека претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе се согласил на условите под кои ќе поднесе оставка од функцијата и дека веќе постои нацрт писмо за тоа.

Неименувано официјално лице од Зимбабве кое е директно запознаено со преговорите изјавило дека генералите кои преговараат со Мугабе се согласиле на многу од неговите барања, вклучително и доделување имунитет нему и на неговата сопруга Грејс, како и право да бараат приватен имот.

Претходно, Мугабе најави дека идниот месец ќе претседава со конгресот на владејачката партија. Централниот комитет на владејачката партија побара од претседателот да поднесе оставка до утре попладне, и дека во спротивно ќе следува негово отповикување.