Северна Кореја
Пјонгјанг на чекор до проектил што може да ги погоди САД
20.11.2017 12:44
Пјонгјанг повеќе пати се закануваше дека има ракетен арсенал, кој може да ги погоди американските воени бази на Гуам и Хаваите, како и Калифорнија, на густо населениот западен брег на САД.

Разузнавачката служба на Јужна Кореја соопшти дека очекува Северна Кореја до крајот на годинава да развие ракета со која ќе може да го погоди западниот брег на САД.
Пјонгјанг повеќе пати се закануваше дека има ракетен арсенал, кој може да ги погоди американските воени бази на Гуам и Хаваите, како и Калифорнија, на густо населениот западен брег на САД.
Северна Кореја во текот на годината изведе повеќе ракетни проби, со ракети кои ја надлетуваа Јапонија, а се претпоставува дека се подготвува и за нова нуклеарна проба.
