Хан: Мисијата е целосна ако почнат преговорите
Важно е да го истрчаме последниот километар во спроведувањето на реформите- еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со порака по средбата со премиерот Заев.

Мојата мисија ќе биде целосна ако ги почнеме преговорите за членство. Важно е да го истрчаме последниот километар во спроведувањето на реформите- еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со порака по средбата со премиерот Заев.
„Мислам дека веќе постигнавме многу, но сега е важно да се истрча последниот километар, или половина километар, да се заврши овој маратон, нешто да се направи. Со задоволство слушам за различните проекти и активности кои се преземаат за да се постигнат резултати, што ќе ни овозможи да дадеме позитивна препорака“, рече еврокомесарот Хан.
Македонија е целосно посветена на исполнувањето на реформскиот план 3-6-9. Очекуваме чиста препорака за старт на преговорите за членство со Унијата, истакна македонскиот премиер.
