САД

Експлозија во козметичка фабрика во Њујорк, повредени најмалку 35 лица

21.11.2017 10:18

Експлозија во Њујорк во козметичка фабрика. Повредени се најмалку 35 лица, меѓу нив и пожарникари. Нема детали за причнините за инцидентот...

Властите го пронајдоа телото на работник кој се водеше за исчезнат во двете експлозии и пожарот во њујоршката фабрика „Верла Коземтикс“ во кои беа повредени околу 35 луѓе, меѓу кои се и неколку пожарникари.

Одеднаш слушнавме силна детонација. Не знаевме дали паднало нешто или не. Некој ни кажа да трчаме, и почна евакуацијата.

Сите плачеа, многумина паднаа додека се обидуваа да побегнат. Но сите си помагавме за да се спасиме“, велат вработени во фабриката.

Засега е непозната причината за инцидентот. На почетокот на годинава, во фабриката биле утврдени девет прекршувања на правилата за безбедност поради што платиле казна од 41 илјада американски долари.

 

Маја Филдишев