Повторно одложено судењето за случајот „Триста“

21.11.2017 10:42

Поранешниот помошник- министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот денеска не дојде на рочиштето во скопскиот Кривичен суд од здравствени причини.

За 27-ми ноември е одложено судењето за случајот кој го покрена Специјалното обвинителство- „Триста“. Поранешниот помошник- министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот денеска не дојде на рочиштето во скопскиот Кривичен суд од здравствени причини.

Неговите адвокати доставија медицинска документација до Судот дека има отворено боледување и е спречен да дојде на судењето.

Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи побара медицински вештак да утврди дали обвинетиот може да присуствува на судските рочишта.

Поповски се сомничи за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила, со што го оштетил буџетот за 453.570 евра.

Според одлуката на Апелацискиот суд, прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал во овој предмет.