Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Труст“

21.11.2017 10:49

На последното рочиште обвинителите на СЈО го изложија обвинението и побараа од Судот врз основа на приложените докази обвинетите да бида прогласени за виновни.

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да се одржи рочиште и за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан. Тој се појави денеска во судот. Во случајот обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани, за учество на тендер на ЕЛЕМ.

На последното рочиште обвинителите на СЈО го изложија обвинението и побараа од Судот врз основа на приложените докази обвинетите да бида прогласени за виновни. Сеад Кочан, пак, се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство, а вина пред Судот негираа и второобвинетиот Василије Авировиќ и третообвинетиот Сафет Ватиќ.

Одбраната на обвинетите смета дека тие се неосновано обвинети, дека доказите и вештачењето приложени од СЈО се нерелевантни и оти околу овој случај се крева „медиумска фама“.