Охрид

Бродот „Мис Стон“ извлечен од каналот Студенчишта

21.11.2017 11:10

Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка, бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод...

Се надмина инцидентот со бродот „Мис Стон“, кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој беше излеана мала количина нафта, соопшти Општина Охрид. Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка, бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод.

Се очекува во наредните денови бродот да се дислоцира од каналот. Во целиот зафат учествуваше и екипа на ЈП „Нискоградба“, која со пумпи претходно ја отстрани водата од внатрешноста на бродот, велат од општината.

Во текот на вчерашниот ден, екипа од Капетанијата и пристаништа од Охрид, со специјални абразивни средства, успеаа да ја неутрализираат најголемата количина излеана нафта.