Норвешка се враќа на тронот
18.02.2014 14:18
Грабак одработе неверојатни 10 километри со фуриозен финиш, во кој што ја издржа битката на дури 5-мина натпреварувачи...
Јорген Грабак ја врати славата на најуспешната нација во нордиската комбинација, со првото злато за Норвежаните по Нагано 1998-та. Зад него низ целта поминаа неговиот сонародник Магнус Моан и најголемото изненадување, Германецот Фабиан Рисле.
Грабак одработе неверојатни 10 километри со фуриозен финиш, во кој што ја издржа битката на дури 5-мина натпреварувачи, што се случуваше непосредно пред финалните метри на целната рамнина. Моан го презеде водството од Френцел многу рано, но немаше сила да остане на врвот во финишот на најинтензивната ски трка што ја видовме на 22-то издание на ЗОИ.
Фаворитот број еден кој што имаше маестрален и монструозен скок на големата скокалница во Сочи, Ерик Френцел, на 10 километарската трка ги почувствува реалните проблеми од вирусот поради што беше неизвесен неговиот настап. Германецот ја одбрани својата и честа на неговата земја, ја заврши трката на 10-та позиција.
По два настапа во нордиска комбинација, индивидуално на големата и на малата скокалница во комбинација со 10 км, по една злато имаат Германија и Норвешка. Норвежаните имаат и сребро и бронза, Германија има и бронза, а Јапонија сребро. Последниот настап е во тимска конкуренција, на големата скокалница и трката 4 пати по 5 ккилометри, што е закажана за 20-ти февруари.
