Русија: Регистрирана радиоактивна контаминација

21.11.2017 11:19

Највисока концентрација била регистрирана во селото Аргајаш, 30 километри од нуклеарниот комплекс Мајак, кој настрадал во 1957 година...

Русија призна дека регистрирала радиоактивно загадување на делови од територијата на крајот од септември и почетокот на октомври, што ги потврди информациите на неколку европски агенции за следење на радиоактивноста.

Највисока концентрација била регистрирана во селото Аргајаш, 30 километри од нуклеарниот комплекс Мајак, кој настрадал во 1957 година во една од најтешките нуклеарни несреќи во историјата. Денес се користи за преработка на потрошеното нуклеарно гориво.