Утре амандманска расправа на Предлог- законот за употреба на јазиците

21.11.2017 11:46

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани, СДСМ пет, а БЕСА два. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе се интервенира таму каде што сметаат дека се загрозува македонскиот јазик.

Утре на Комисијата за европски прашања, амандманска расправа на Предлог- законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани, СДСМ пет, а БЕСА два. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе се интервенира таму каде што сметаат дека се загрозува македонскиот јазик.

Од СДСМ тврдат дека амандманите се заради расчистување на дилемите за законските казни, а БЕСА бара службена употреба, а не само унапредување на албанскиот јазик во Македонија.

Пратеничката група на ДУИ не поднесе амандмани, бидејќи забелешките ги доставиле до Венецијанската комисија.

Предлог- законот е со европско знаменце, расправата ќе трае три дена. Потоа, повторно се враќа на пленарка, по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.