Хан: Добро е што се разговара за името, со политичка волја може да се дојде до решение

21.11.2017 12:52

Добро е што вицепремиерот Османи ќе оди во Грција, но засега немам коментар бидејќи е прерано да се оценува, вели еврокомесарот Хан...

Добро е што се разговара за името и добро е што вицепремиерот Османи ќе оди во Грција, но засега немам коментар бидејќи е прерано да се оценува, вели еврокомесарот Хан дополнувајќи дека со политичка волја може да се дојде до решение.

„Ова е прашање за кое не можам да коментирам во моментов, бидејќи се уште е прерано. По она што се случи, мислам дека е многу позитивно што има континуирани напори за градење доверба. Имаше контакти меѓу двете држави, добро е што вицепремиерот Османи ќе оди во посета на Грција, а имаше посета и овде од министерот за надворешни работи на Грција. Добро е што има и договор со Бугарија, кој ќе биде ратификуван и во Парламентот пред Нова година. Да се посегне кон вашите соседи е многу важна мерка и јас сум поприлично сигурен дека ако има политичка волја, можеме да најдеме решение“, изјави еврокомесарот Хан.

Еврокомесарот додаде и дека граѓаните овде, во оваа земја, се многу фокусирани на европската перспектива, и со право очекуваат од Владата да најде решение, за што е и избрана.